07 ноември 2026
• од Гоце Кически
Македонската власт е изненадена од политичките промени во Србија и не знае како тие ќе се одразат врз односите меѓу двете земји, оцени новинарот и универзитетски професор Насер Селмани. Тој зборуваше за врските на владата во Скопје со политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за „Актуелно“.
Селмани рече дека, според него, влијанието на српските политички пораки се забележува и во јавниот простор во Северна Македонија. Како пример ги посочи одбележувањата на Кумановската битка, за која смета дека не треба да се слави, бидејќи по османлиското владеење следувала српска окупација на Вардарска Македонија.
Тој го критикуваше и учеството на српски официјални лица во ваквите чествувања, како и присуството на почесната гарда на македонската армија. Селмани упати критики и кон министерот Иван Стоилковиќ поради неговите јавни ставови и врски со српската политика. Тој рече дека не е против застапеноста на Србите во институциите, но смета дека владата треба да избере друг претставник.
Во интервјуто Селмани оцени дека нема рационална причина да се одложи внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав и дека тоа не ја загрозува македонската идентитетска определба. Според него, суштинскиот проблем е недостигот од политичка волја за реформи и напредок кон Европската Унија.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

