06 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Мајката на 21-годишната Ивона Антова, која загина во пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, сподели емотивна објава по повод годишнината од бракот со сопругот. Таа напиша дека семејството го одбележува денот во тага, без својата ќерка.
„Каде си, чедо наше, да ни честиташ, да нè прегрнеш, да ни се насмееш?“, напиша Стојка Иванова Антова во објавата на Фејсбук, придружена со семејни фотографии.
Таа опиша дека празниците, родендените и другите семејни прослави ја изгубиле смислата по загубата на Ивона. „Сè што остана е тишината, празното место на нашата Ивонка, солзите што не пресушуваат и сеќавањата“, напиша мајката.
Ивона загина во пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март 2025 година. Целосната објава на Стојка Иванова Антова ја пренесува Гламур.
Протести по смртта на Билјана: Фемицидите не запираат во Северна Македонија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

