08 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Во врска со репортажата емитувана на Бугарската национална телевизија (БНТ) околу инцидентот со бугарската државјанка Ива Михајлова во близина на Кочани, Министерството за надворешни работи на Бугарија излезе со официјално појаснување за текот на постапката и преземените чекори.
Според официјалното соопштение, бугарското МНР било информирано за инцидентот кон крајот на март 2026 година, откако Михајлова лично се обратила за помош до Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Преку дипломатското претставништво веднаш биле преземени неопходните дејствија за расчистување на случајот.
Од Министерството потенцираат неколку клучни чекори кои биле преземени за заштита на нивната државјанка:
Од бугарското МНР истакнуваат дека по прегледот на досегашната документација, се отвораат прашања за тоа колку детално се истражени и споредени сите релевантни факти и околности во постапката. Тие изразуваат сомнеж околу тоа дали се земени предвид сите информации и сведоштва кои би можеле да ја побијат или да ја доведат во прашање тезата на обвинителството.
Судот во Кочани досега ѝ ја изрекол најлесната мерка за обезбедување присуство (мерка на претпазливост) на Михајлова. Иако во досегашните решенија судот одбивал да ја промени мерката, индиректно било посочено какви документи се неопходни за да се преиспита таквата одлука.
„Претстои ново поднесување на барање до судот, придружено со документацијата обезбедена од бугарска страна, при што очекуваме истото да биде разгледано во најкраток можен рок“, велат од Министерството.
Министерството за надворешни работи на Бугарија најави дека ќе продолжи будно да го следи развојот на настаните и во рамките на своите надлежности да ѝ ја пружа сета неопходна помош и поддршка на Ива Михајлова.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

