08 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го презентираше извештајот за сработеното во изминатите две години од неговиот мандат. Она што веднаш привлече внимание во јавноста е фактот дека, по урнек на неговиот претходник Талат Џафери, на официјалната публикација прв јазик е албанскиот, а потоа македонскиот, иако според законот македонскиот јазик треба да има приоритет кај државните органи и функционери.
Презентацијата помина во целосен бојкот од страна на опозицијата – не присуствуваше ниту еден опозициски пратеник, и покрај тврдењата на Гаши дека сите биле уредно поканети на последната координација.
Спикерот Гаши ја истакна ефикасноста на актуелниот парламентарен состав, алудирајќи на финансиска заштеда преку одржување помалку пленарни седници, а носење повеќе акти. Сепак, во отчетот не е потенцирано дека голем дел од овие законски измени беа од чисто формален карактер, односно терминолошко усогласување на уставното име од Република Македонија во Република Северна Македонија.
Споредба на ефикасноста на собраниските состави:
Отчетот покажува сериозен скок во надзорната улога на Собранието, пред сè поради новиот институт „опозициски пратенички прашања“ кој почна да функционира во овој мандат. Ова резултираше со зголемен институционален притисок врз Владата за поголема транспарентност.
Гаши нагласи дека неговата визија уште од првиот ден била „Собранието да биде дом за сите“, истакнувајќи дека функцијата бара трпение, дијалог и заштита на плурализмот.
На новинарските прашања поврзани со актуелните политички блокади, претседателот на Собранието ги истакна следните позиции:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

