08 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Инцидент кој започнал како банална сообраќајна расправија за малку ќе завршел кобно. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје покрена истражна постапка против двајца браќа на возраст од 43 и 44 години, кои се сомничат за кривично дело – Убиство во обид.
Според информациите од Обвинителството, крвавиот настан се случил на 6 јуни, во близина на авто плац во скопското село Шишево.
Драмата започнала претходно истиот ден, кога братот на оштетениот и првоосомничениот се разминувале со своите возила. При разминувањето, автомобилите се допреле со ретровизорите, што било доволна искра за жестока вербална расправија. Ситуацијата ескалирала кога еден од осомничените го фатил за врат возачот и почнал да му се заканува. За среќа, двајца случајни сведоци реагирале брзо и успеале привремено да ја смират тензијата.
Откако инцидентот навидум завршил, нападнатиот маж ја зел својата сопруга од работа. Плашејќи се за нивната безбедност, тој го повикал својот брат за да проверат дали патот кон дома е безбеден за поминување.
Но, на местото во близина на првичниот инцидент, ги чекала заседа. Двајцата осомничени браќа, вооружени со пиштоли, биле сокриени во грмушките покрај патот чекајќи ги да поминат.
Кога возилото се доближило, првоосомничениот испукал два куршуми. Еден од проектилите го погодил братот на првично нападнатиот во главата. Според медицинските наоди, станува збор за тангенцијална (површинска) повреда. Со пукањето, напаѓачите директно ги довеле во опасност и животите на другите две лица кои биле присутни.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веќе доставил предлог за одредување мерка притвор за двајцата браќа кои се гонат како соизвршители.
Од Обвинителството потенцираат дека притворот се бара поради три клучни основи:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

