08 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Кривичниот совет од утре треба да одлучува по жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев. Додека Богоев се наоѓа во 30-дневен притвор под сомнение дека примил награда од околу 1.800 евра за местење тендер вреден над 300 илјади евра, истата компанија – „Ремондис Медисон“, продолжува да добива вносни договори од државните институции, вклучително и од новото раководство на Царината.
Кривичниот суд му одреди 30-дневен притвор на Богоев во рамките на истрагата за фаворизирање на компанијата „Ремондис Медисон“ за надворешно одржување на хигиена на граничните премини и терминали.
Од Кривичниот суд информираат дека постапката по жалбата е во тек:
„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител сѐ уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучување.“
Спорната компанија бележи деловен успех и за време на поранешната, но и за време на сегашната власт. Оваа година, еден од договорите со највисока вредност е склучен токму со Царинската управа на Северна Македонија.
Станува збор за тендер за внатрешно одржување на хигиена на деловните објекти на управата во вредност од околу 420.000 евра. Овој договор го потпишал актуелниот директор и наследник на Богоев, Бобан Николовски. Ова не е единствената соработка со новото раководство – во јануари 2025 година, Царината ја ангажирала истата фирма за внатрешно одржување хигиена и одвоз на смет на заедничниот граничен премин Белановце – Станчиќ за сума од околу 8.000 евра.
Иако примарната дејност на „Ремондис Медисон“ е собирање на безопасен отпад, компанијата само од почетокот на оваа година добила дури 26 тендери од различни државни институции.
Нивната вкупна вредност надминува 80 милиони денари (околу 1,3 милиони евра). Финансиските извештаи покажуваат дека компанијата минатата година ја завршила со чиста добивка од над 327 илјади евра.
Покрај Царинската управа, меѓу најголемите клиенти на фирмата се:
Според податоците од бизнис мрежата, „Ремондис Медисон“ лани во јуни го променила седиштето од Битола во Скопје. Овластен директор до денес останува Димитар Георгиевски, кој е меѓу уапсените во оваа акција.
Покрај Георгиевски како управител, со кривичната пријава се опфатени уште три лица. Меѓу нив е и вработениот во фирмата, прилепчанецот Александар Спирковски.
Според истражните органи, Спирковски и Георгиевски влијаеле кај четвртиот осомничен, Семир Мура, кој извршувал функција на помошник-директор во Царината. Се сомничи дека тие му ветиле подарок нему и на Богоев за да ја фаворизираат нивната компанија на тендерот.
Осомничените се соочуваат со сериозни обвиненија за следните кривични дела:
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

