07 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Статусот на Северна Кореја како нуклеарна држава е „апсолутно неоспорна граница“ и „неотповиклива реалност“, а нуклеарното оружје е „најмоќната логика“ на земјата во споровите со нејзините противници.
Лидерот на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) објави планови за проширување на нуклеарните сили „во геометриска прогресија“, изјави Ким Јо Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесува севернокорејската државна новинска агенција (КЦНА).
„Нема да направиме ниту најмал компромис во однос на одбраната и суверенитетот на земјата. Надежите или реториката на надворешните сили на ниту еден начин нема да ја променат реалноста. Нуклеарното оружје е најмоќната логика во спорот со лицата кои ја обожаваат силата“, истакна таа.
Според Ким Јо Џонг, Пјонгјанг има целосно право на самоодбрана од заканите од страна на, како што ги нарече, „хулигани кои претпочитаат да демонстрираат сила со воени бродови и авиони“ покрај туѓи граници. Таа додаде дека нуклеарните сили на земјата, кои се вградени во Уставот, претставуваат „основа на власта и одбраната“, потенцирајќи дека заштитата на интересите на Северна Кореја не зависи од надворешни сили.
Острата реакција на Ким Јо Џонг доаѓа како директен одговор на неодамнешното известување од Стејт департментот на САД. Американската дипломатија соопшти дека за време на кинеско-американскиот самит одржан во мај, двете страни ја потврдиле својата заедничка цел – „денуклеаризација“ на Северна Кореја.
„Тоа е само уште едно ширење на лажни информации од страна на САД“, изјави категорично сестрата на Ким Џонг Ун. Во меѓувреме, најавено е дека кинескиот лидер Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Северна Кореја.
Во рамките на меѓународниот Договор за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), за официјални нуклеарни сили се признати само пет држави:
Северна Кореја, пак, се повлече од овој меѓународен договор, а во исто време правно го зацврсти својот статус на нуклеарна сила преку амандмани во сопствениот Устав. Денес, ДНРК докажано располага со нуклеарни боеви глави и зад себе има историја на спроведување бројни тестирања на нуклеарно оружје.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

