20 ноември 2026
• од Елена Иванова
Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, побара Јавното обвинителство да соопшти до каде е истрагата за случајот со насилството врз Сара Ѓорѓиевска во Охрид. Таа посочи дека треба да се провери дали се обезбедени електронските уреди на осомничениот и неговите роднини, за да се утврди дали имало помагање по кривичното дело.
„Не ме интересира кои се родителите, што работат или на која партија ѝ припаѓаат. Ако навистина помагале, треба кривично да одговараат“, изјави Зајкова во видео-интервју за Фокус.
Таа рече дека очекува обвинителството, а можеби и МВР, да ја информира јавноста за постапувањето во случајот, вклучително и за наводите за обиди за прикривање докази. Зајкова нагласи дека одговорноста треба да се утврди врз основа на доказите.
Според неа, фемицидот е сериозен општествен проблем, а институциите мора подобро да соработуваат и навремено да постапуваат. Таа ги посочи МВР и центрите за социјална работа и повика надлежните да преземат мерки за да се спречи повторување на вакви злосторства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

