20 ноември 2026
• од Темелко Тошев
Синдикалната минимална кошница за ноември достигна 70.827 денари, што е за 469 денари повеќе од претходниот месец. Податоците, објавени од Скопје1.мк, се од пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во октомври кошницата изнесувала 70.358 денари. За семејство што живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, проценетите минимални месечни трошоци се 86.202 денари.
Од таа сума, 21.754 денари се за станарина, вода, електрична енергија и греење. Домаќинствата месечно издвојуваат 25.902 денари за храна и пијалаци, 6.379 денари за сметки и 5.105 денари за транспорт.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

