29 јули 2026
• од Темелко Тошев
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение до јавноста упати остри критики до Владата по информациите дека уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и се повлекува од Северна Македонија.
Од партијата посочуваат дека во период од само две години, дури три големи американски и германски инвеститори донеле одлука да го прекинат или да го преселат своето производство од државата, што го оценуваат како сериозен удар врз домашната економија и вработените.
Според ДУИ, континуираното заминување на странските компании повеќе не може да се оправдува и да се претставува како изолиран деловен случај.
„Инвеститорите гледаат држава без јасна европска перспектива, со испразнет буџет, економска неизвесност, нарушени односи со соседите и сè потензични меѓуетнички односи. Последиците директно ги чувствуваат граѓаните. Со затворањето на инвестициите се губат работни места, се намалува економската активност и дополнително се зголемува иселувањето на младите и на квалификуваните работници,“ се вели во партиското соопштение.
Поради ваквата состојба, ДУИ бара од Владата итно да излезе пред јавноста со конкретни податоци и одговори. Тие инсистираат да се соопшти точната бројка на работници кои ќе останат без своите работни места поради овие повлекувања, како и да се одговори дали има најави и од други компании за напуштање на земјава.
„Заедно со инвеститорите си заминуваат и работните места, надежта и можноста за подобар живот. Владата мора да преземе одговорност за економската несигурност што ја создаде и да каже кои конкретни мерки ги презема за задржување на постојните инвеститори,“ децидни се од Демократската унија за интеграција.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

