25 јули 2026
• од Димитар Стојановски
Катастрофата во Гостивар можела да биде спречена доколку надлежните институции реагирале навреме, предупредувачките знаци не биле игнорирани и јавноста била навремено информирана, изјави претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова.
Во интервју за Македонската радио-телевизија, Шукова оцени дека задоцнетата реакција на институциите довела до сериозна здравствена криза и побара итна проверка на квалитетот на водата за пиење, како и на сите водоснабдителни системи во државата.
Според неа, уште во првите денови постоеле предупредувачки знаци, но институциите не реагирале навреме, а граѓаните не биле информирани за ризиците. Таа смета дека, согласно законските обврски, требало веднаш да се преземат мерки откако биле регистрирани првите голем број случаи на граѓани кои побарале лекарска помош.
Шукова ја критикуваше и, како што рече, нетранспарентноста на институциите, оценувајќи дека резултатите од анализите не биле објавени навреме, иако здравјето на граѓаните било директно загрозено.
Таа истакна дека случајот во Гостивар не е изолиран, посочувајќи на проблеми со водата и во Валандово, Крушево, Велес и Лешок. Според неа, тоа укажува на системски проблем со одржувањето на водоснабдителните системи.
Од СДСМ бараат итна контрола на сите системи за водоснабдување во државата, проверка на квалитетот на водата за пиење и утврдување на исправноста на инфраструктурата, со цел да се спречат нови слични случаи.
Водата во Крушево сѐ уште не е за пиење: Забраната останува на сила до вторник
Бугарскиот бизнис го освојува африканскиот пазар: Од егзотика до стратешки приоритет
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

