24 јули 2026
• од Темелко Тошев
Опозициската СДСМ денеска преку соопштение упати остри критики до актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски, обвинувајќи за, како што велат, „системски колапс на институциите“ поради серијата еколошки инциденти во државата.
Реакцијата на партијата доаѓа откако во јавноста се појавија информации и снимки за загадување на реката Лепенец во Скопје.
Од СДСМ потсетуваат на низата проблеми со квалитетот на водата што ги погодија граѓаните во повеќе градови во изминатиот период.
„Прво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. Дури и во болница немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје,“ се наведува во партиското соопштение.
Според партијата, појавата во Лепенец изгледа како синтетичка пена која директно се излива на местото каде што оваа река се влева во Вардар, што го оценуваат како очигледен доказ за загадување.
Во соопштението, СДСМ директно ја посочува владејачката ВМРО-ДПМНЕ како одговорна за состојбите со животната средина.
„Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите. Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за 'дезинформации', реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално,“ заклучуваат од СДСМ.
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

