06 август 2026
• од Тодор Вангелов
Опозициската СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски ја претставува погрешно економската состојба во земјата, реагирајќи на неговите изјави за куповната моќ и минималната плата.
Од партијата наведуваат дека според споредба на минималната нето плата и цената на дизелот, Македонија се наоѓа при дното во регионот. Тврдат дека со минимална плата во земјава може да се купат 261 литар дизел, што е помалку отколку во Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а повеќе само од Албанија.
СДСМ посочува дека работник со минимална плата треба да работи 39 минути за да купи еден литар дизел, додека за полнење резервоар од 50 литри би потрошил речиси една петтина од месечната плата.
Од партијата оценуваат дека овие показатели не зборуваат за висока куповна моќ, туку за низок животен стандард. Во соопштението додаваат дека, според нив, граѓаните секојдневно ја чувствуваат економската состојба преку цените на горивата и основните производи, а не преку статистички податоци.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

