02 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Државниот завод за статистика само го потврди она што секојдневно го гледаме и чувствуваме на своја кожа – земјава тоне во длабока демографска и економска бездна. Македонија остана празна, а очајот кај работодавачите никогаш не бил поголем.
Во првите три месеци од оваа година, статистиката измери стапка на слободни работни места од 2,07 проценти, бројка која зад себе крие една страшна реалност. Најбарани, а воедно и најдефицитарни, се келнерите и продавачите. Дури 2.346 работни места зјаат празни во секторот на услужни дејности и продажба!
Се поставува страшното прашање: Има ли кој да ни продаде леб и кој да ни свари кафе?
Младите масовно ги спакуваа куферите и избегаа по хрватското приморје или низ фабриките во Германија, оставајќи ги домашните локали и продавници во целосен очај. Секторот за сместување и послужување храна е на апарати за дишење – таму стапката на слободни места достигна застрашувачки 4,94 проценти. Угостителите се фаќаат за глава, нудат сѐ што можат, но работници едноставно – нема!
Најголемиот удар го трпат оние кои треба да бидат рбетот на оваа економија – малите претпријатија. Фирмите кои бројат од 10 до 49 вработени имаат најголема мака да најдат кадар, со рекордна стапка на слободни места од 3,05 проценти.
„Ова е крајот. Ако набрзо не се најде персонал, многумина ќе мора да стават клуч на врата,“ коментираат очајните сопственици на мали бизниси кои се оставени сами на себе да се борат со овој незапирлив егзодус.
Регионалната слика е подеднакво депресивна. Вардарскиот регион е на врвот на оваа црна листа со стапка на слободни работни места од 2,28 проценти, докажувајќи дека внатрешноста на државата забрзано изумира.
За иронијата да биде поголема, единствениот сектор каде што „нема место ни за игла“ е снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Таму стапката на слободни места е мизерни 0,15 проценти. Додека реалниот сектор и малите стопанственици крварат во потрага по обичен работник, државните мастодонти и енергетскиот сектор се преполни.
Ако овој тренд продолжи, прашање на време е кога економијата целосно ќе колабира. Македонија станува земја на старци и затворени дуќани. Последен што ќе излезе, нека го изгаси светлото – ако воопшто има кој да остане во енергетскиот сектор за да го стори тоа.
Две „четворки“ од Данска и Турција: Дали е ова реалноста на подновената Македонија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

