02 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Tетовец кој е вработен во локална џамија бил физички нападнат од свој сограѓанин на неговото работно место. Инцидентот, кој следел по претходна меѓусебна расправија, веќе е пријавен во полицијата.
Според официјалните информации од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, случајот бил пријавен на 31 мај.
„На 31.05.2026 во 14:00 часот во СВР Тетово, К.А.(44) од Тетово пријави дека околу 13:30 часот на работното место во џамија во Тетово, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ш.Н.(41) од Тетово“, информираат од тетовската полиција.
Од СВР Тетово додаваат дека нивни екипи веќе преземаат мерки и интензивно се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што најверојатно ќе следуваат и соодветни пријави.
Две „четворки“ од Данска и Турција: Дали е ова реалноста на подновената Македонија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

