02 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е меѓу четирите лица кои се опфатени во денешната голема акција на Управата за финансиска полиција, дознава порталот „Скопје1“. Според првичните и сè уште неофицијални информации, Богоев е приведен од страна на правосудните органи.
Акцијата се спроведува во тесна координација со Основното јавно обвинителство. Според првичните сознанија, предмет на истрагата се сомнежи за сериозни незаконитости во постапката за јавна набавка поврзана со Царинската управа.
Осомничените во овој случај се товарат за:
Надлежните институции засега одбиваат да откријат повеќе детали за предметот со цел да не се загрози текот на истрагата.
Во текот на денот се очекуваат официјални информации од страна на Управата за финансиска полиција и Обвинителството, кои треба да ги соопштат конкретните сомнежи, доказите со кои располагаат, како и точниот опфат на оваа корупциска истрага.
Две „четворки“ од Данска и Турција: Дали е ова реалноста на подновената Македонија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

