06 август 2026
• од Стефан Николов
СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски продолжува со интензивно задолжување, тврдејќи дека за само три недели се обезбедени повеќе од 70 милиони евра нов долг.
Според опозициската партија, на 14 јули државата се задолжила со 7 милиони евра од државните претпријатија, на 29 јули биле обезбедени 25 милиони евра од Светска банка, а на 5 август уште 41 милион евра преку издавање обврзници.
Од СДСМ наведуваат дека за две години вкупното ново задолжување достигнало над 2,5 милијарди евра. Тие оценуваат дека Владата нема економска стратегија, туку се потпира на постојано задолжување за покривање на тековните трошоци.
Партијата тврди дека граѓаните истовремено се соочуваат со високи цени, инфлација, замрзната минимална плата и раст на трошоците за живот.
Во соопштението се посочува и дека Македонија изгубила над 60 милиони евра од ИПА-фондовите за железничката пруга кон Бугарија, односно Коридорот 8, поради тоа што не бил избран изведувач. Според СДСМ, овие средства ќе треба да се надоместат со ново задолжување.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

