12 септември 2026
• од Темелко Тошев
Во своето најново обраќање, Наташа Поповиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ, упати остри критики кон актуелната власт, обвинувајќи ги Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за целосна партизација на државните институции и контрола врз правосудниот систем.
Според Поповиќ, во изминатите две и пол години, владејачката партија презела целосна контрола врз полицијата, Агенцијата за национална безбедност (АНБ), обвинителствата и судовите. Таа истакна дека јавниот обвинител е сменет, сопруга на поранешен градоначалник од редовите на ВМРО е избрана во Судскиот совет, а избрана е и обвинителка поврзана со Сашо Мијалков.
„Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон“, нагласи Поповиќ на денешната прес-конференција.
Од СДСМ се повикуваат и на најновиот извештај на Европската комисија, во кој, како што вели Поповиќ, јасно е нотирано мешањето во судството и обвинителството, отсуството на реформи, широката корупција и проблематичните јавни набавки. Таа додаде дека Христијан Мицкоски функционира и како обвинител и како судија и дека за скандалите и тендерите тешки 200 милиони евра откриени од антикорупцискиот тим на СДСМ нема апсолутно никаква одговорност. Дополнително, беше посочено дека Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот ѝ е вратен на партијата.
На прес-конференцијата беа наброени низа случаи кои, според СДСМ, докажуваат дека правдата во државата е селективна и не функционира:
„Судството денес е под целосна контрола на власта. Да беше правосудството навистина слободно и независно, Мицкоски и ВМРО-ОКГ немаше да бидат слободни“, заклучи Поповиќ на крајот од своето обраќање.
Радев: Осудата за погребот на Младиќ со воени почести е заеднички европски став
Румен Радев до најдобрите матуранти: Вашиот успех е огромен успех и за Бугарија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

