24 април 2026
• од Темелко Тошев
Бугарскиот претседател Румен Радев уште еднаш ја потврди својата цврста и принципиелна позиција во однос на евроинтеграциите на Република Северна Македонија. Во својата последна изјава, тој упати јасна порака до новата власт во Скопје: патот кон Брисел не поминува преку негирање на реалноста, туку преку целосно исполнување на меѓународните обврски и заштита на правата на македонските Бугари.
Радев прецизно го лоцираше главниот проблем кој ја кочи соработката меѓу двете земји – неподготвеноста на македонската политичка класа да се соочи со историските факти и правата на своите граѓани.
„Новата влада во нашата сосетка јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа земја е да го признае самото постоење на зборовите Бугарин и бугарско во Република Северна Македонија“, дециден е Радев.
Според него, ова не е само локален спор, туку политика која директно ги поткопува европските принципи донесени со консензус од сите земји-членки на ЕУ.
Претседателот застана во одбрана на оние македонски граѓани кои јасно ја изразуваат својата бугарска припадност, нагласувајќи дека новата македонска влада дејствува против нивните интереси и против сопствената стратешка цел – членството во Унијата. Тој побара итна мобилизација на:
Најсилниот дел од неговото обраќање беше предупредувањето до Брисел. Радев смета дека ЕУ не смее да прави отстапки од своите критериуми за сметка на популизмот на Балканот.
„Ако Европската унија не се ангажира со европската перспектива базирана на јасни норми и вредности, тогаш рано или подоцна Балканите ќе ја исправат Европа пред балканизација“, предупредува шефот на бугарската држава.
Со овој став, Радев уште еднаш се наметнува како лидер кој не само што ги штити бугарските национални интереси, туку и ги чува темелите на самата Европска Унија од внесување на нерешени конфликти и антидемократски практики.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

