12 август 2026
• од Темелко Тошев
Заврши уште една обука за новите полициски практиканти, кои неодамна ја дадоа и свечената заклетва за нивната идна работа и стапување на должност.
Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, за време на свечената заклетва новите полицајци го прекршиле Уставот со тоа што не го споменале уставното име на државата, Северна Македонија.
„Се колнеме дека ќе ги почитуваме законите и Уставот на Македонија, како и стандардите и етиката на полицијата“, се слуша како едногласно изговараат новите полицајци во текот на чинот на заколнување.
Ваквиот потег предизвика реакции во јавноста во однос на почитувањето на официјалното уставно име од страна на идните припадници на институциите за спроведување на законот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

