11 август 2026
• од Темелко Тошев
Појавувањето на паролите „Косово е Србија“ (Kosovo je Srbija) во кумановското село Умин Дол предизвика остра реакција. За овој случај јавно се огласија од огранокот на АКИ во Куманово, нарекувајќи го чинот директна провокација која наложува итна институционална реакција, а не само обичен вандализам.
Како што се наведува во нивното соопштение, овие графити се напишани на стариот пат што ги поврзува Скопје и Куманово, делница која секојдневно ја користат голем број граѓани, меѓу кои и многу Албанци.
„Во една чувствителна средина, ваквите постапки можат да поттикнат тензии, несакани реакции и непотребни инциденти. Затоа бараме од надлежните институции веднаш да дејствуваат, да ги откријат сторителите и да ги преземат неопходните мерки. Молкот не му служи на соживотот“, се вели во реакцијата на АКИ-Куманово.
Од таму упатија и директна прозивка до градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. Тие посочуваат дека очекуваат од него да реагира со истата ажурност и одлучност како што тоа го направил за друг случај пред неколку дена.
„Сега кога директно се засегнати Албанците и се создава провокација што може да ги наруши меѓуетничките односи, ја очекуваме истата јасност. Кога се провоцираат Албанците, градоначалникот не може да се прави ниту глув, ниту слеп. На Куманово му е потребна одговорност, а не двојни стандарди“, заклучуваат од АКИ.
Останува да се види дали надлежните органи, вклучително и Министерството за внатрешни работи, ќе преземат мерки за расчистување на случајот и отстранување на провокативните натписи.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

