11 август 2026
• од Гоце Кически
Обид за грабеж и крвав инцидент се случил во раните утрински часови во центарот на Скопје, кога двајца напаѓачи се нафрлиле врз 23-годишен австриски државјанин.
Дваесет и тригодишното момче од Австрија било цел на брутален напад од страна на двајца непознати разбојници кои се обиделе да го ограбат во строгиот центар на главниот град. Инцидентот се случил рано утрото, а ситуацијата ескалирала кога еден од напаѓачите извадил нож и го расекол момчето.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи (МВР), нападот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.
„На 09.08.2026 година во 08:55 часот во СВР Скопје, В.А.О. (23) од Австрија пријави дека околу 04:30 часот на подрачјето на Центар, две лица физички го нападнале и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив со остар предмет му нанел расекотина“, стои во редовниот полициски билтен.
Од МВР додаваат дека во моментов се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот, идентификување и пронаоѓање на сторителите.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

