12 август 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски упати остри критики кон македонската десница и актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ги за идеолошко лицемерие, глорифицирање на југословенското минато и неможност за објективно соочување со историјата.
Според Георгиевски, во македонското општество сè уште постои силен отпор кон какво било критичко преиспитување на комунистичкиот период и владеењето на Јосип Броз Тито. Тој посочува дека секој обид за дебата на оваа тема наидува на жестоки напади и навреди.
„Денеска, ако спомнете дајте да зборуваме за Тито критички, дајте да го анализираме Тито и неговата диктатура, првата етикета што многумина ќе ви ја залепат е: 'еве го Бугарин, еве го Татарин',“ истакнува Георгиевски, додавајќи дека ваквиот пристап ја гуши секоја можност за реална историографска дебата.
Десницата го брани Титовото време
Георгиевски го потенцира парадоксот во кој токму оние кои се позиционираат како македонска десница, всушност застануваат во одбрана на југословенскиот систем. Како илустрација го посочи новинарот Драган Павловиќ Латас, кого го нарече „идол на македонската и ВМРО-вската десница“.
Осврнувајќи се на книгата која Латас ја напишал за Александар Ранковиќ, Георгиевски забележува дека тој период се воспева како „најидеалното и најубавото време за Југославија“.
„Тие книги што постојат се практично одбрана на Титовото време, а не прашање каде била Македонија во Титова Југославија,“ посочува тој, критикувајќи го отсуството на суштински прашања за позицијата на македонскиот народ во тој систем.
Историјата сведена само на комисијата со Бугарија
Осврнувајќи се на современиот политички дискурс, Георгиевски директно ја критикуваше актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ, која ја оквалификува како „најекстремната десница во Македонија“.
Според него, власта целосно го дефокусирала и го стеснила историскиот простор. Како што вели, денес проблемот со историјата намерно се сведува исклучиво на темата и дискусијата со Бугарија, односно на работата на мешовитата историска комисија, со што се избегнува соочувањето со сопствените историски митови од времето на Југославија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

