10 август 2026
• од Стефан Николов
Полицијата уапси двајца 26-годишници од скопското село Брест, осомничени дека нападнале и ограбиле 28-годишен маж во населбата Илинден.
Според МВР, разбојништвото се случило на 4 јули. Осомничените физички и со дрвен предмет го нападнале мажот од Арачиново, а потоа со закана со пиштол му одзеле пари.
Двајцата биле уапсени на 8 август на улицата „Јани Лукровски“ во Скопје.
Против нив е поднесена кривична пријава за разбојништво. Тие биле изведени пред судија, кој им определил мерки на претпазливост.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

