10 август 2026
• од Темелко Тошев
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска поднесе кривична пријава против повеќе високи функционери во здравствениот сектор, барајќи одговорност за, како што ја нарекуваат, „здравствената катастрофа“ во Гостивар. Пријавата е поврзана со неодамнешното труење од загадена вода, поради кое речиси 5.000 граѓани завршија во болница.
На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека изминал повеќе од еден месец откако градот се соочил со овој проблем, а одговорност од власта и од здравствените институции сè уште нема. Тој нагласи дека во Гостивар сè уште нема чиста вода за пиење и ја обвини власта дека веќе четири недели си поигрува со здравјето на луѓето.
Кривичната пријава се однесува на системски пропусти, непостапување и непреземање на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции. Таа е поднесена против:
Според СДСМ, постојат основани сомненија дека од јуни оваа година па сè до денес, пријавените во својство на службени лица не презеле мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето.
„Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, а дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење“, нагласи Фрчкоски.
Од партијата посочуваат дека иако дневно се пријавувале по околу 200 граѓани со здравствени тегоби, цели пет дена никој не реагирал за да ја утврди причината. Дополнително, се обвинува дека се доцнело со прогласувањето на епидемија, дека се криеле информации за водата од граѓаните и оти никогаш не била објавена анализа или извештај.
Фрчкоски посочи дека Јавното обвинителство досега молчело и ги игнорирало повиците за акција, но порача дека партијата нема да дозволи случајот да се заташка.
„Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Одговорните за загрозувањето на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат“, заклучи Фрчкоски.
СДСМ го повика Јавното обвинителство итно да постапи, да ги преземе сите дејствија за утврдување на фактите и да ги разгледа доказите наведени во пријавата.
Зголемена будност: Во Македонија потврдени 13 случаи на Западнонилска треска
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

