29 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Поранешниот министер и универзитетски професор, Љубомир Фрчкоски, упати силни критики на сметка на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, обвинувајќи ја дека нејзиниот политички настап се базира на „лажен интелектуализам“ кој служи како параван за, како што вели, втората генерација „груевисти и мицковисти“.
Во своето најново излагање, Фрчкоски го анализираше нејзиниот дискурс и меѓународните настапи, оценувајќи ги како обид за држење на „професорски лекции“.
Според Фрчкоски, академскиот статус на Силјановска-Давкова се користи стратешки од страна на владејачката структура. Тој истакна дека новите политички фигури се „извлекуваат напред“ токму преку нејзиниот профил на професорка по уставно право.
„Ги обезбедуваат таа втора генерација со малку една по, условно да кажам, кокетна... клатечка во колковите професорка по уставно право. Сега претседателката Гордана држи предавања, и тоа е тој фејк интелектуализам,“ посочи Фрчкоски.
Посебен фокус во критиката на Фрчкоски беше ставен на неодамнешниот настап на претседателката во Словенија. Тој со доза на иронија го коментираше нејзиниот однос кон Европската Унија и реториката за заштита на идентитетот.
Според него, изјавите на претседателката се конструирани да звучат како лекции наменети за целата Европска Унија.
На крајот од своето излагање, Фрчкоски директно ја оспори стручноста на претседателката во одредени правни области, обвинувајќи ја дека навлегува во теми за кои нема доволно познавања.
Тој нагласи дека таа покажува „тотална некадарност“ кога станува збор за пошироката расправа околу меѓународните стандарди, со посебен акцент на уставната поставеност и загарантираните права на малцинствата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

