24 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) упати барање до надлежните институции за итна и детална истрага по наводите за поврзаност на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, со компанија регистрирана во Бугарија.
Од опозициската партија соопштија дека во јавноста и во бугарските медиуми се појавиле документи кои го доведуваат Јанушев во директна врска со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил. Според достапните податоци, основната дејност на оваа фирма е патен линиски превоз на стока.
Поради сериозноста на наводите, СДСМ побара ДКСК, Јавното обвинителство и сите други надлежни институции веднаш да отворат постапка и да ги проверат фактите.
„Јавноста заслужува одговор дали постои непријавен имот, капитал или деловен интерес во странство и зошто тие информации не се пријавени во надлежните државни органи“, велат од партијата.
СДСМ го отвори и прашањето за морална одговорност, прашувајќи дали Игор Јанушев ќе поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата додека трае истрагата за овој случај, со цел да се овозможи независен процес без влијание од позицијата на моќ.
До овој момент, од Владата и од генералниот секретар Јанушев се уште нема официјален одговор на обвинувањата изнесени од страна на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

