26 октомври 2026
• од Елена Иванова
Украина треба да ја задржи својата армија на околу 800.000 припадници и нема да прифати неутралност ниту ограничувања на вооружените сили, изјави претседателот Володимир Зеленски. Тој посочи дека за безбедноста на земјата се клучни и гаранциите од САД и Европа и начинот на кој ќе се финансира војската.
Зеленски рече дека „Старлинк“ повторно работи во Украина и дека земјата повторно добива целосни разузнавачки податоци за балистички напади. Според него, по разговорите во Осло се решени несогласувањата околу „Старлинк“ и разузнавачката размена, но останува отворено прашањето за дополнителни системи за воздушна одбрана.
Во разговор со украинската телевизија ТСН, Зеленски рече дека територијалните прашања треба да ги решаваат лидерите, а за другите теми може да разговараат работни групи. Тој нагласи дека Русија не може да ги диктира безбедносните услови на Украина и дека Киев очекува гаранции со кои ќе се спречи нова руска агресија.
Како можни чекори кон напредок, Зеленски ги посочи прекинот на нападите врз енергетската инфраструктура, размената на сите заробеници и разговори за поморската безбедност и извозот на жито. Тој рече дека Украина е подготвена за трилатерални преговори со САД и Русија, но оти тие треба да донесат конкретни резултати.
Зеленски соопшти и дека САД предложиле прекин на огнот во областа Олешки на неколку дена, за да се овозможи хуманитарна мисија и евакуација на цивили. Тој предупреди дека мините и начинот на кој би биле расчистени патиштата може да ја загрозат безбедноста на луѓето.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

