27 октомври 2026
• од Никола Трајковски
Државната ревизија утврдила сериозни слабости во финансиската евиденција, управувањето со имотот и внатрешната контрола на Министерството за дигитална трансформација во 2024 година. Ревизорите не можеле да потврдат дека финансиските извештаи целосно и веродостојно ја прикажуваат состојбата на институцијата.
Според наодите што ги пренесе Трн, во евиденцијата имало 16 деловни објекти заведени со вредност од еден денар. За градежни објекти евидентирани во вредност од 140 милиони денари, односно околу 2,3 милиони евра, не била доставена документација со која би можело да се утврди на што се однесува сумата.
Ревизијата навела и дека 43 отсто од систематизираните работни места биле непополнети, а шест одделенија немале вработени. Во текот на 2024 година не била спроведена ниту една внатрешна ревизија.
Наодите се однесуваат на 2024 година, кога се спроведувала институционална реорганизација и се формирало министерството. Извештајот посочува слабости во основното управување и евиденција во институцијата задолжена за дигиталната трансформација на јавната администрација.
Шекеринска повика сојузниците да ја засилат противвоздушната поддршка за Украина
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

