09 ноември 2026
• од Елена Иванова
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба во општината поради неконтролираното движење на крупен добиток. Тој бара државата да обезбеди ресурси за координирана акција и трајно решавање на проблемот, објави Макфакс.
Според податоците изнесени на Општинскиот кризен штаб, повеќе од 1.000 грла добиток се движат без контрола низ општината, вклучително и низ центарот на градот. Митовски рече дека добитокот уништува земјоделски насади и оштетува приватни имоти и јавни површини, а претставува и ризик за безбедноста во сообраќајот.
Градоначалникот побара организирано заловување, безбеден транспорт и згрижување на животните, како и јасен оперативен план со утврдени надлежности. Тој посочи дека од 2022 година до надлежните институции биле поднесени стотици пријави и иницијативи, но досегашните интервенции не донеле трајно решение.
Митовски побара и информации за здравствената состојба и благосостојбата на животните. Според него, решенија за одземање добиток од регистрирани одгледувалишта, донесени во 2024 година, сè уште не се спроведени во целост.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

