29 август 2026
• од Никола Трајковски
Исланѓаните денеска гласаат на референдум дали земјата повторно да ги отвори преговорите за членство во Европската Унија. Последните анкети покажуваат речиси изедначена поддршка меѓу двата табора.
Гласот „за“ не значи автоматско членство во ЕУ. Тој би овозможил обновување на преговорите, а доколку во иднина биде постигнат договор со Брисел, граѓаните повторно би гласале на референдум за конечното членство.
Исланд поднесе барање за членство во ЕУ во 2009 година, по тешката финансиска криза. Преговорите беа запрени во 2013 година, а две години подоцна земјата ја повлече кандидатурата. Прашањето повторно се врати во политичкиот фокус по изборите во 2024 година.
Исходот е неизвесен. Анкета на „Маскина“ покажа 51,3 отсто поддршка за обновување на преговорите, додека понова анкета на „Галуп“ покажа 51,6 отсто поддршка за опцијата „против“. Разликите се во рамките на статистичката грешка.
Референдумот е советодавен, но победа на опцијата „за“ би отворила пат Исланд повторно да се приближи кон ЕУ. Резултатите се очекуваат во раните утрински часови во недела.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

