30 август 2026
• од Темелко Тошев
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, упати остри критики до директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, поради неговата контроверзна објава поврзана со Ратко Младиќ.
Во својата објава на социјалните мрежи, Пировска истакна дека Китановиќ треба да сноси кривична одговорност согласно со членот 407-а од Кривичниот законик, кој се однесува на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства.
Според неа, институциите не треба да оставаат простор за слободно одлучување или самостојно повлекување на изјави во вакви случаи.
„Нема тука простор за негово одлучување. Човек со такви ставови не треба и не смее да биде вршител на каква било функција, а најмалку таа што во моментов ја врши“, порача Пировска.
Реакцијата на Пировска доаѓа откако претходно Владата соопшти дека ставот на Китановиќ е негов личен став и е целосно неприфатлив, најавувајќи дека од него ќе се бара да го повлече или пак, доколку не се согласува со владините политики, да се повлече од функцијата. Во меѓувреме, и од СДСМ побараа надлежното Јавно обвинителство итно да постапи по овој случај.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

