24 август 2026
• од Темелко Тошев
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишна жена од гостиварското село Дебреше, поради основано сомнение дека сторила кривично дело „измама“.
Според полициските информации, пријавената Е.Р. (33) подолг период го мамела и го доведувала во заблуда нејзиниот партнер од соседно Косово, тврдејќи му дека е бремена. Верувајќи во нејзината приказна, оштетениот во повеќе наврати, преку систем за брз трансфер на пари, ѝ префрлил финансиски средства кои достигнале вкупна сума од дури 18.000 евра.
Откако ја добила големата сума на пари, жената на крајот признала дека целата приказна за бременоста била лажна и дека ја измислила исклучиво со цел да извлече парична корист од него.
Полицијата го расчисти случајот и против 33-годишната гостиварка е поднесена соодветна кривична пријава.
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

