30 август 2026
• од Темелко Тошев
Генералниот секретар на ДУИ, Фатмир Адеми, излезе со остри критики и реакција во врска со затворањето на паралелка за ученици Албанци, обвинувајќи ги институциите и политичките актери за запоставување на интересите на Албанците.
Според реакцијата на Адеми, паралелката на мајчин јазик за албанските ученици е затворена од страна на директорка која е Албанка, додека овој потег, наместо осуда, наишол на одбрана од страна на Дарко од Бутел.
Во својата објава тој ја допира и улогата на коалицијата ВЛЕН, поставувајќи прашање за нивниот став:„А ВЛЕН? Во оваа приказна воопшто не постои. Како што не постои во ниту една друга приказна кога треба да се заштитат интересите на Албанците“, пишува Адеми.
Со оваа реакција, од опозициската партија упатуваат сериозни обвинувања кон владејачката коалиција за молк и нереакција во ситуации кога, според нив, директно се загрозуваат образовните права и интересите на Албанците во државата.Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

