29 август 2026
• од Гоце Кически
Пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување безбедно отстрани две неексплодирани артилериски гранати во атарот на селото Мегленци, во Општина Новаци.
Станува збор за гранати од Првата светска војна, со калибар од 75 и 155 милиметри. Тие биле пронајдени на подрачје кое пред неколку дена било зафатено од пожарот во Мариово.
И покрај изложеноста на огнот, гранатите не експлодирале. Од Дирекцијата предупредуваат дека ваквите неексплодирани убојни средства претставуваат дополнителна опасност при пожари во области каде што има остатоци од воена муниција.
Гранатите биле откриени од пожарникари од Битола, по што Полициската станица во Новаци го известила подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

