24 август 2026
• од Темелко Тошев
Во своето најново излагање, познатиот новинар Васко Ефтов излезе со шокантни тврдења кои ја тресат македонската јавност. Според неговите анализи, во државата моментално се одвива тивок, но масовен демографски инженеринг, диригиран директно од Анкара, кој поминува целосно под радарот на домашните институции.
Ефтов јавно проговори за фрапантната разлика помеѓу официјалните статистики и реалната состојба на теренот кога станува збор за турските доселеници во изминатите четири до пет години.
„Има две бројки во Македонија. Едната бројка е шеснаесет илјади,“ истакнува Ефтов, откривајќи дека вистинската, втора бројка е застрашувачки поголема. Според неговите извори, станува збор за маса на луѓе со „без малку големина на град Прилеп“. Ова отвора сериозни безбедносни и демографски прашања: Кој ги контролира границите и кој масовно издава дозволи за престој во државата?
Она што е особено симптоматично во излагањето на Ефтов е лоцирањето на епицентарот на овој, како што тој го нарекува, „проект на Реџеп Таип“. Македонскиот исток, а особено Штип, не е случајно избран.
Според Ефтов, Штип е „посебно пикиран како град“ поради неговиот статус на растечки универзитетски центар кој привлекува млади луѓе. Преку едукативниот систем, студентското сместување и економското позиционирање, тивко се создава мрежа која трајно ја менува демографската слика на овој дел од Македонија.
„Има таков модел на османизација,“ децидно заклучува Ефтов.
Овие тврдења предупредуваат дека овој процес не е спонтан налет на странски студенти или инвеститори, туку е дел од поширока, добро испланирана геополитичка стратегија за зајакнување на влијанието на Турција на Балканот.
Останува да се види дали надлежните институции ќе реагираат и ќе ги проверат овие наводи или молкот ќе продолжи да биде единствениот одговор на прашањето: Се продава ли тивко Македонија пред наши очи?
СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори по сценарио на српските и руските служби
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

