23 јули 2026
• од Димитар Стојановски
СДСМ тврди дека во Скопје се одвиваат последните подготовки за лансирање на „Еуроњуз Србија“, изнесувајќи обвинувања дека зад проектот стојат лица и структури поврзани со власта.
Според партијата, операцијата ја водат Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Од СДСМ наведуваат дека со проектот, како што тврдат, се зајакнува медиумска мрежа поврзана со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Партијата тврди и дека финансирањето се одвива преку српската Алта банка и маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, преку договори за маркетинг услуги кои, според нив, служат за финансирање на медиумско влијание.
Во соопштението се наведува дека целта на оваа, како што ја нарекуваат, медиумска операција е воспоставување контрола врз информативниот простор и ширење антиевропски и проруски наративи, со што, според СДСМ, се попречува европскиот пат на државата.
СДСМ упати и обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на власта и за дејствување спротивно на интересите на државата.
Каде се вардарците? Скромна посетеност на Арената за 79. роденден на најтрофејниот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

