24 јули 2026
• од Темелко Тошев
Македонска пошта излезе со остра реакција по повод изјавите на лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, обвинувајќи го дека наместо факти, во јавноста пласира дезинформации и врши неосновани политички напади кон институцијата.
Од Поштата појаснуваат дека прекинот во работењето, кој траеше три дена, не бил предизвикан од други фактори, туку бил директна последица на сериозното невреме и техничките проблеми што тоа ги оставило зад себе. Оттаму ја информираат јавноста дека од денес работењето е целосно нормализирано и дека сите поштенски услуги граѓаните повторно можат да ги добиваат непречено.
Во реакцијата на институцијата се истакнува дека, наместо да покаже разбирање за вонредната состојба предизвикана од природната непогода, Апасиев избрал да шири невистини, да ги навредува вработените и да ја користи целата ситуација за собирање на евтини политички поени.
Од Македонска пошта децидно порачуваат дека нема да дозволат институцијата да биде предмет на политички пресметки и манипулации. Тие нагласуваат дека граѓаните имаат право и заслужуваат да добиваат точни информации базирани исклучиво на факти, а не измислици.
Уапсена Македонка во Црна Гора: Прегазила куче, па се обидела да ја напушти државата
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

