07 септември 2026
• од Темелко Тошев
Во државата се потврдени 64 жаришта на овчи сипаници, при што се регистрирани околу 10.000 угинати грла, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Серафимовски. Најголем дел од жариштата, вкупно 50, се наоѓаат во Источниот регион, седум во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион.
Министерот апелираше до сточарите да ги почитуваат препораките и навремено да ги пријавуваат сомнителните случаи. Тој истакна дека стрижењето со недезинфицирани ножици се покажало како еден од главните ризици и предупреди да се избегнува користење заедничка опрема.
Институциите преземаат активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Турција и ФАО. Сепак, Серафимовски нагласи дека обезбедувањето вакцини не значи автоматско започнување на вакцинацијата. Одлуката ќе зависи од стручна проценка на епидемиолошката состојба, ризикот и можните последици.
За погодените сточари е утврден модел за обештетување преку Агенцијата за храна и ветеринарство, а во тек се подготовки за исплата. Серафимовски потсети дека шест месеци не е дозволено внесување нов сточен фонд во истото одгледувалиште. Надлежните ја следат состојбата и во соседните земји, а остварена е и работна средба со институциите во Србија за размена на искуства.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

