07 септември 2026
• од Темелко Тошев
Силни критики кон безбедносниот апарат и селективното функционирање на институциите упати Боби Илиевски, посочувајќи на сериозни пропусти на граничните премини и отсуство на реакција од страна на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Според Илиевски, иако на границите постои видео-надзор, системот намерно затајува во клучни моменти – од движењата на политички фигури до транзит на огромни количини наркотици.
„Ама на граница има исто такви камери, ама не, не функционираат. Кога ќе избега, кога ќе оди пешки Артан Груби – не функционираат. Кога збориме за пет тони дрога што се пренесува, имаме ситуација да се нема буквално никаква реакција од МВР“, истакна Илиевски во своето излагање.
Тој направи јасна разлика помеѓу неажурноста на полицијата и работата на одредени правосудни органи, посочувајќи дека во моментов единствена светла точка е Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), раководено од Ислам Абази. Илиевски смета дека ова обвинителство покажува капацитет да дејствува самостојно.
„Единствено можам да кажам дека е ок што Основното јавно обвинителство за организиран криминал отвори постапка. Тоа независно делува од Републичкото јавно обвинителство, и тоа е вистинска предност“, додаде тој.
За да ја илустрира разликата во ефикасноста и независноста, Илиевски направи паралела со случајот во Кочани и бавното темпо на Републичкото обвинителство.
„Зошто на пример, ако Републичкото јавно обвинителство ја оддолжуваше истрагата за вмешаноста на полициски функционери во Кочани, Основното јавно обвинителство сега поднесе обвиненија против актуелни полициски функционери. Тука е разликата“, заклучи Илиевски, потенцирајќи ја неопходноста од брзи и неселективни постапки против корумпирани структури во системот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

