07 септември 2026
• од Темелко Тошев
Полека, но сигурно, на летото и на екстремно високите температури кои изминатиот период го зафатија Балканот и Македонија им се наѕира крајот. Според метеоролошките прогнози, доаѓа голема промена на времето која ќе го означи почетокот на есенскиот амбиент.
Од 11 септември станува сѐ поизвесно дека од север кон Балканскиот Полуостров и кон нашата земја ќе се спушти изразен ладен атмосферски фронт. Овој бран најпрво ќе помине преку Алпите, каде што најверојатно ќе ги донесе првите снежни врнежи за оваа сезона, создавајќи ја првата вистинска снежна идила во Европа.
Спуштањето на овој ладен атмосферски фронт значително ќе ја дестабилизира атмосферата ширум Балканот, вклучително и во Македонија. Се очекува развој на олујни системи, проследени со чести врнежи од дожд, појава на грмежи, па дури и локални временски непогоди кои би можеле да предизвикаат нови проблеми низ регионот.
Веќе од 11 септември, граѓаните ќе почувствуваат драстичен пад на температурите. Тоа ќе биде првиот вистински здив на есента – времето ќе стане значително посвежо, со почести врнежи и температури многу пониски од оние на кои бевме навикнати изминативе месеци.
Со оваа промена на времето, конечно можеме да се поздравиме со пеколните горештини кои го одбележаа овогодинешното лето. Подгответе ги чадорите и потоплата облека, бидејќи есента тропа на вратата!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

