26 октомври 2026
• од Гоце Кически
Венко Филипче со пораката „Сите знаеме кој е следен“ навести дека по Орбан и Вучиќ, следната политичка битка ја очекува во Северна Македонија. Иако не го спомена по име, изјавата може да се протолкува како алузија на премиерот Христијан Мицкоски и актуелната власт.
„Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, напиша Филипче во објава на социјалните мрежи, во која им честиташе на граѓаните на Србија за, како што рече, „големата, историска победа“.
Тој најави дека следува ослободување од, според него, криминалните структури на власта и порача дека граѓаните на Северна Македонија ги очекува тешка борба против остатокот од, како што ја нарече, „криминалната балканска група“.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

