21 мај 2026
• од Темелко Тошев
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека уставните измени се првиот и неопходен чекор за продолжување на европскиот пат на Северна Македонија, нагласувајќи дека секое друго тврдење претставува измама за граѓаните.
На конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“, Филипче истакна дека процесот на европска интеграција е јасен и дека по усвојувањето на уставните измени, мора да се одржи следната меѓувладина конференција со Европската Унија.
„Првиот чекор што треба да се преземе е да се направат уставните измени и да се одржи следната меѓувладина конференција. Тоа е на маса. Можеме да дебатираме до утре за вредностите на Европската Унија и за тоа како ќе ги вратиме општествените вредности, но нема да ги вратиме без ова“, изјави Филипче.
Тој предупреди дека доколку не се постигне напредок во евроинтегративниот процес, земјата се соочува со ризик од уште помасовно иселување на младите.
„Ќе биде уште полошо и уште повеќе млади ќе емигрираат бидејќи нема да гледаат шанса овде“, потенцираше лидерот на СДСМ.
Во своето обраќање, Филипче потсети дека СДСМ имаше предложено нацрт-резолуција за обединување околу националните интереси, но според него, оваа иницијатива не наишла на поддршка од останатите политички субјекти.
„Ние подготвивме нацрт-резолуција за обединување околу националните интереси, според која, по изгласувањето на уставните измени, нема да има преговори за ниту една идентитетска одредница. Ниту една партија не одговори на тоа“, додаде тој.
Филипче го покрена и прашањето околу причините за стравот и скептицизмот во врска со уставните измени, упатувајќи повик за заеднички политички дијалог.
„Од што се плашиме ако сите заедно седнеме на маса за овие прашања? Ние знаеме кој е првиот чекор“, рече тој.
На крајот, претседателот на СДСМ децидно нагласи дека уставните измени не го загрозуваат македонскиот идентитет и ја повика Владата на Северна Македонија јавно да објасни кои се реалните стравови поврзани со овој процес.
Новите блокови на АЕЦ „Козлодуј“ ќе донесат 55 милијарди евра за бугарската економија
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

