03 ноември 2026
• од Димитар Стојановски
ДУИ повторно побара брзи предвремени парламентарни избори, повикувајќи се на победата на партискиот кандидат на вонредните локални избори во Брвеница. Од партијата велат дека и натаму сметаат оти Владата нема етнички легитимитет, според нивното толкување на изборните резултати.
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, освои 4.442 гласа во вториот круг, додека Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ доби 4.177. Излезноста била 54,29 отсто, а биле евидентирани 201 неважечко ливче, објави Инфомакс.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека не гледа потреба од предвремени избори, но дека владејачкото мнозинство би прифатило такво барање од опозицијата. Тој оцени дека коалицијата има мандат да ја води Владата четири години.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

