10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Француско-германскиот предлог за постепена интеграција на земјите кандидатки во Европската Унија не значи создавање „втора лига“ или некаков меѓустатус за земјите од Западен Балкан. Оваа порака ја испрати францускиот амбасадор во земјава, Кристоф Ле Риголер, во своето најново интервју за „Порталб“, нагласувајќи дека документот познат како „француски предлог“ е затворено прашање кое нема да се преговара одново.
Објаснувајќи ја визијата на Париз и Берлин за проширувањето на ЕУ, амбасадорот потенцираше дека целта на новиот пристап е да се даде нова динамика на процесот.
„Овој нон-пејпер не подразбира дека ќе се создаде втор статус, односно дека ќе има земји членки на ЕУ што нема да станат членки со полни права, туку ќе имаат само меѓустатус. Тоа не е планот, бидејќи визијата што ја имаме во Париз и Берлин е јасна, а тоа е целосна интеграција на земјите од Западен Балкан и на Северна Македонија“, изјави Ле Риголер.
Според него, идејата е земјите кандидатки, вклучително и Северна Македонија, да почнат да ги чувствуваат придобивките од Унијата уште за време на самиот пат кон полноправно членство.
Осврнувајќи се на фактот дека граѓаните на Северна Македонија се веќе уморни од долгото чекање пред вратите на Европската Унија, францускиот амбасадор истакна дека пораката од Брисел останува конзистентна и јасна: реформите во државата мора да продолжат без одложување.
Едно од најважните прашања за евроинтегративниот пат на државата е спроведувањето на обврските од компромисот постигнат во 2022 година. Во врска со барањата на одредени домашни политичари за ревизија на овој документ, Ле Риголер беше категоричен:
Како единствен пат напред, амбасадорот Ле Риголер го посочува изнаоѓањето начин за спроведување на веќе постигнатиот компромис. Ова спроведување треба да биде изведено на политички прифатлив начин и во разумен временски рок.
За да се постигне тоа, тој заклучува дека е неопходен искрен, отворен и мирен дијалог меѓу Скопје и Софија, со што ќе се отстранат пречките и ќе се забрза чекорот на Северна Македонија кон европското семејство.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

