10 јули 2026
• од Темелко Тошев
Православните верници денеска го чествуваат споменот на Свети Сампсон Странопримец, светител познат по своето огромно милосрдие, исцелителски моќи и несебична грижа за сиромашните и болните.
Свети Сампсон потекнувал од богато и прочуено семејство во стариот Рим. Уште од млад се стекнал со врвно образование, совладувајќи го сето тогашно светско знаење, но најмногу ѝ се посветил на медицинската наука. Како лекар, тој не работел за материјална корист. Напротив, бил познат како бесребреник кој на болните им нудел лек не само за телото, туку и за душата, постојано советувајќи ги да ги следат заповедите на христијанската вера.
Подоцна во животот, тој се преселил во Цариград. Иако потекнувал од богатство, избрал да живее во мал, скромен дом. Од таму, како сончеви зраци, ја ширел својата добрина на сите страни – делел милостиња, пружал утеха, давал бесплатна медицинска помош и влевал надеж кај беспомошните. Неговите безбројни добродетели стигнале и до ушите на Патријархот, кој восхитен од неговиот живот, го ракоположил за свештеник.
Еден од најпознатите настани во неговото житие е поврзан со византискиот цар Јустинијан Велики. Царот тешко се разболел, а сите лекари ја прогласиле неговата состојба за неизлечива. Во своите искрени и усрдни молитви, царот добил откровение од Бога во сон дека токму Сампсон ќе го излекува.
Кога го повикале скромниот старец во дворецот, било доволно само да ја стави раката на болното место за царот целосно да оздрави. Во знак на благодарност, царот Јустинијан му понудил огромно богатство, но Свети Сампсон го одбил со зборовите:
„О цару, имав јас и злато и сребро и други имоти, но сè оставив заради Христа, за да ги стекнам вечните небесни богатства.“
Сепак, бидејќи царот инсистирал да направи нешто за него, светителот го замолил да изгради дом за сиромашни и болни луѓе. Во тој дом, Сампсон до крајот на животот им служел на немоќните со огромна љубов, грижејќи се за нив како родител за своите деца.
Азири: Дијаспората да гласа и на локалните избори или ќе го блокираме законот!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

