20 мај 2026
• од Темелко Тошев
Во најновото гостување во подкастот „Почетна пресметка“, Џелал Хоџиќ упати остри критики кон актуелната владина политика, обвинувајќи дека постои континуиран план за оддалечување на Македонија од Европската Унија и нејзино ставање во подредена положба во однос на Србија.
Според Хоџиќ, наместо државата да се фокусира на сопствениот напредок, високи владини функционери промовираат идеи кои го девалвираат македонскиот евроинтегративен процес. Тој директно посочи на изјавите за прифаќање на идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ за влез во ЕУ „во пакет“.
„Што е идејата на таа политика која има еден континуитет? Идејата е да се стопира на земјата европски пат и Македонија да се прилепи кон Србија. Ништо друго. Да ја чекаме ние Србија, како што вика вицепремиерот во Владата, дека идејата на Вучиќ била многу добра комплет сите да сме влегле во Европската Унија“, изјави Хоџиќ во подкастот.
Тој потсети дека Македонија во минатото се борела за самостојно вреднување на нејзиниот напредок, потсетувајќи на времето кога земјава беше лидер во регионот.
„Ако се вратите наназад, кој имал памет... Ние сме се бореле Република Македонија самостојно да биде вреднувана, затоа што била напред со материјалот, и пред Хрватска била. Ние сме викале не сакаме во пакет, сакаме секој да се вреднува посебно. И сега да дојдеш ти во ситуација вицепремиер од македонска држава да вика дека треба да го послушаме Вучиќ и сите заедно да влеземе“, нагласи Хоџиќ.
На крајот, тој директно ги прозва владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, прашувајќи каде се нивните патриотски идеали кога од северниот сосед доаѓаат националистички пораки.
„Тој си ги има зацртано своите идеали. Најголема патриотска партија во државата – какви идеали има зацртано? Еве да ве прашам за ВМРО-ДПМНЕ и за ЗНАМ, тие се во власт во моментов. Имате една реторика која доаѓа од Србија дека ова е 'стара Србија'. Има ли одговор од нив?“, отворено праша Хоџиќ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

