19 мај 2026
• од Темелко Тошев
Цените на лебот и белите печива во Северна Македонија повторно бележат раст, што дополнително го оптоварува буџетот на граѓаните. Покрај повисоките цени, купувачите се жалат и на еден друг, подеднакво загрижувачки тренд – таканареченото „тивко поскапување“ преку намалување на тежината на самите производи.
Така на пример, еден ѓеврек кој до неодамна чинеше 20 денари и тежеше 100 грама, сега се продава за 25 денари, но со тежина од само 80 грама.
Во врска со овој нов бран на поскапувања, Телевизија 24 се обиде да добие официјален став од мелничко-пекарската индустрија, како и од Стопанската комора, но оттаму никој не прифати да даде изјава и да ја коментира новонастанатата ситуација.
Од друга страна, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) алармира дека синдикалната кошничка продолжила да расте и во текот на месец април, при што најголемиот ценовен удар го трпат токму основните прехранбени производи.
„Последните податоци покажуваат дека минималната синдикална кошничка за едно четиричлено семејство достигна речиси 69.000 денари (без да се пресмета киријата за домување). Нашата петгодишна анализа покажува дека трошоците за живот се зголемени за точно 103%, што е апсолутно неподносливо во однос на растот на минималната и просечната плата. Ние остануваме на нашиот став дека минималната плата требаше да изнесува 600 евра уште вчера“, изјави Иван Пешевски од ССМ.
Во меѓувреме, министерот за економија, Бесар Дурмиши, изјави дека во моментов нема основа за директна интервенција во цените низ маркетите, сè додека не се докаже дека трговците неоправдано ги зголемуваат профитните маржи. Тој најави строги теренски инспекции, по што дополнително ќе се одлучува дали државата ќе преземе нови антикризни мерки.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

