18 мај 2026
• од Темелко Тошев
Студентите Албанци денеска повторно излегоа на улиците со барање правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Но, она што требаше да биде протест за унапредување на студентски и административни права, брзо се најде во центарот на вниманието поради контроверзни извици кои немаат допирна точка со образованието.
Според информациите од теренот, групата студенти и поддржувачи маршираше низ центарот на Скопје со албански знамиња, изразувајќи го своето незадоволство околу јазичните бариери при полагањето на правосудниот испит.
Сепак, на социјалните мрежи набрзо се појавија критики откако беше објавена видео-снимка од протестот. На видеото, кое масовно се споделува на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер), се гледа како групата се движи по улицата кај Стоковната куќа „Мост“ кон мостот „Гоце Делчев“. Наместо пароли за подобро образование или студентски права, јасно може да се слушне како насобраната толпа гласно извикува „УЧК!“.
Ваквата реторика на протест кој во својата суштина треба да е граѓански и едукативен, предизвика лавина од реакции во јавноста. Граѓаните прашуваат каква е поврзаноста меѓу полагањето на државен испит и величањето на паравоени формации од минатото.
Една од највпечатливите реакции дојде од корисникот на мрежата „Х“ со име Далибор, чиј твит предизвика големо внимание и поттикна дебата. Тој отворено го критикуваше ваквото однесување:
„Која е потребата да се скандира името на една терористичка организација, која не по грешка, туку со умисла масакрираше и убиваше цивилно население во 2001-ва во Македонија, кога сакаш да полагаш некој испит на албански јазик?“ – прашува твитерџијата.
Овој настан отвора сериозни прашања за начинот на кој се артикулираат барањата во општеството:
Останува да се види дали студентските организации кои го предводеа протестот ќе се оградат од овие скандирања или ќе ги премолчат реакциите на револтираните граѓани.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

