19 мај 2026
• од Темелко Тошев
Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, излезе со официјална реакција во врска со инцидентот кој се случи по завршувањето на вчерашнитењ протести во главниот град. Тој информираше дека полицијата брзо реагирала и привела три лица поради учество во физичка пресметка.
Според информациите споделени од Исени, станува збор за еден македонски и двајца албански државјани кои биле инволвирани во судирот што уследил откако завршил протестниот собир.
Во своето обраќање до јавноста, заменик-министерот упати апел до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на лажни вести:
„Почитувани медиуми, почитувани граѓани. Сакам да ја разјаснам ситуацијата во јавноста во врска со инцидентот што се случи по денешниот протест. Полицијата приведе 3 лица, еден Македонец и двајца Албанци, по тепачка што се случи по протестот. Сакам да ве замолам да не потпаѓате на пропагандата и дезинформациите што ги шири во јавноста пропагандната машинерија на Муса Џафери и Блерим Беџети. Надлежните институции веќе работат на целосно расветлување на случајот и на утврдување на одговорноста. Мирот, разборитоста и одговорноста се во интерес на сите“, изјави Исени.
Од Министерството за внатрешни работи се очекуваат дополнителни детали во текот на утрешниот ден, откако ќе заврши првичната истрага за мотивите зад физичката пресметка.
УЖАС ВО КАРПОШ: 18-годишна девојка нападната и прободена пред скопска дискотека
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

